Штајнмајер пристигна во Скопје, го пречека Маричиќ
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.
-Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер! Првата официјална посета на претседателот Штајнмајер, после само четири месеци од почетокот на пристапните преговори е јасен сигнал за позициите на Германија за интеграцијата на регионот во ЕУ и за континуираната поддршка која Северна Македонија ја има за пристапување во Унијата. објави Маричиќ на својата официјална страница на Фејсбук.
Маричиќ додава дека тема на разговорите на Штајнмаер со македонскиот државен врв ќе биде регионот, унапредување на меѓусебната соработка и за предизвиците со кои се соочува цела Европа.
Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има и свое обраќање и во Парламентот.
Штајнмаер по дводневна официјална посета на Северна Македонија продолжува во посета на соседна Албанија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
