-->
-->
„Шпигел“: Околу 40 турски војници побарале азил во Германија
-->

Околу 40 турски војници, кои служат во базите на НАТО на територијата на Германија, поднеле барање за азил во оваа земја, пишува весникот „Шпигел“.
Според весникот повеќето од војниците се високи офицери.
Федералната служба за мигранти и бегалци соопшти дека нивните барања ќе бидат разгледани во редовна постапка.
- Нема сомнение дека не можеме да ги вратиме тие војници во Турција. Таму веднаш ќе бидат ставени во затвор, изјави за „Шпигел“ Штефан Мајер, експерт во Бундестагот за внатрешно-политички прашања.
Германскта канцеларка Ангела Меркел на 2 февруари ќе замине во официјална посета на Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
