„Шпаркасе Лизинг – Целосна мобилност“
ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје водечката лизинг компанија на пазарот, во соработка со ORYX Assistance, за своите клиенти подготви палета на нови производи во делот мобилноста. Станува збор за пакет услуги со кои се обезбедува бесплатна техничка поддршка 24 часа / 365 дена во годината на бесплатен телефонски број, заменско возило, помош на пат по Европски стандарди и грижа во случај на дефект или сообраќајна незгода.
Возачите и другите учесници во сообраќајот се повеќе од свесни за можните несакани грешки кои често знаат да резултираат со сообраќајни незгоди и несреќни настани. Со пакетите „Помош на пат“ (Roadside assistance) и „Заменско возило“ (Backup car) се реализираат значителни финансиски заштеди, мобилност, брза и едноставна услуга без администрација, без ограничувања во видот, марката и староста на возилото.

Со секој пакет „Помош на пат - ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ асистенција“ корисниците дополнително може бесплатно да ја инсталираат апликацијата „Drive Angel“ - единствена апликација која спасува живот и единствена дигитална алатка за
користење помош на пат и останати асистенции.
Повеќе информации за производот „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ Асистенција“ може да се најдат на веб-страницата на Шпаркасе Лизинг www.s-leasing.mk или на телефонскиот број +389 2 3077 096.

Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
