Шпанскиот крал почнува состаноци со партиските лидери за формирање влада
Шпанскиот крал Филип Шести почна дводневни разговори со лидерите на политичките партии за да види дали социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој победи на парламентарните избори во ноември, успеал да добие поддршка од другите партии за формирање влада.
Шпанската социјалистичка работничка партија на Санчез (ПСОЕ) освои 120 места во Парламентот од 350 места, а за формирање на кабинетот потребни му се 176 места. Санчез постигна договор за коалициска влада со помалата лева партија Унидас Подемос, но за формирање влада ќе му биде потребна и поддршка од помалите регионални партии.
ПСОЕ ќе одржи трета средба со Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најголемата партија за независност на Каталонија, од која бара поддршка. РКЕ соопшти дека ставовите на двете страни се уште се далечни и оти нема да биде постигнат евентуален договор пред јануари. ЕРЦ инсистира на референдум за независност на покраината со 7,5 милиони жители, на што ПСОЕ се спротивставува, повикувајќи се на шпанскиот Устав и пресудата на Уставниот суд кој не дозволува референдум.
Кралот Филип се среќава со претставници на помалите партии, додека утре ќе оствари средби со главните партии. Шпанската политичка сцена никогаш не била толку расцепкана, така што кралот ќе зборува со 18 парламентарни партии.
Откако дојде на престолот пред пет години, Филип Шести вакви консултации одржа девет пати по избори, додека неговиот претходник и татко Хуан Карлос, во текот на 39 години на власт, одржа вкупно 10 состаноци.
Ако Санчез успее да формира влада, тоа ќе биде првата коалициска влада откако беше воведена демократија по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година.
Ново на Сител
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот