-->
-->
Шпанската крајбрежна стража спаси 49 мигранти во близина на Канарски Острови
-->

Шпанската крајбрежна стража спаси 49 африкански мигранти од чамец, што пловел во близина на брегот на островот Гран Канарија.
Чамецот бил забележан од рибари, кои ја алармирале крајбрежната стража. Мигрантите се однесени во пристаништето Аргвинегвин.
Спасените мигранти се мажи, од кои 35 се малолетни.
Според податоци на шпанското Министерство за внатрешни работи илегалната миграција на Канарски Острови годинава бележи раст од 700 отсто, а до крајот на април достигна до 1.936 мигранти. Во истиот период намалено е доаѓањето на мигранти во другите делови на Шпанја за 24 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
