Шпанска католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 77 години
Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година.
Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите се уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми.
Ел Паис им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку Интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1.957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите.
Само една третина од насилниците се уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени