Шпанија ја совлада Костарика со 7:0
Шпанија ја забележа најубедливата победа во досегашниот тек на Светското првенство во Катар, совладувајќи ја вечерва Костарика со 7-0 (3-0) во рамки на воведното коло во групата Е.
Серијата голови ја отвори Дани Олмо во 11 минута по што Шпанија до полувремето ги реши сите дилеми околу победникот со головите на Марко Асенсио (21) и Феран Торес (31) од пенал.
Торес со својот втор гол на натпреварот го зголеми водството во 54 минута, а 20 минути подоцна во листата на стрелци се запиша Гави.
Шпанија продолжи со исто темпо и во завршните минути уште два пати ја смести топката во костариканската мрежа преку Карлос Солер (90) и Алваро Мората (90+2).
Претходно во рамки на истата група, Јапонија забележа сензационален триумф над Германија од 2-1, откако на полувремето беше во негатива.
Во второто коло кое е на програмата в недела, Шпанија ќе игра против Германија, додека Костарика против Јапонија.
Ново на Сител
-
Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина
-
Eвропските лидери за можноста за испраќање мировници во Украина
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец