Шпанија доби Влада- следува ратификација на членството во НАТО
Македонија на чекор до полноправно членство во Алијансата . Шпанските пратеници денеска ја изгласаа владата на Санчез со што се отвори патот тие наскоро да го ратификуваат и македонскиот протокол за НАТО. Во мегувреме предлог законот за ратификација треба да помине и во македонското Собрание, каде е ставен во процедура.
Ако шпанскиот парламент не го ратификува протоколот до11 февруари, ратификацијата во макеодмнсклото собрание ќе има одложено дејствие и ќе биде депонирана во Вашингтон откако шпанскиот парламент ке даде зелено светло за македонското членство во Алијансата.
Дури откако двата докмунети ке влезат во Стејт Департментот, Македонија и официјално ке стане полноправна членка на најмокниот политички и воен сојуз на светот. Очекувањата се дека сето тоа ке се случи пред изборите кои треба да се одржат во април .
Процедурата на ратификација во земјите членки на НАТО заврши во релативно кус рок од девет месеци, а последна поради политичката криза остана Шпанија. Минатат година Шпанците двапати избираа влада, но дури сега социјалистот Санчез успеа да оформи Влада со падемос. Парламентот дури во второто гласање и даде доверба на коалицијата, но само поради фактот што за тоа требаше просто мнозиннство. За новата Влада гласаа 167 пратеници, 166 беа проив а 18 беа отсутни.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар