Шолц и Ердоган на средба во Анкара
– Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска престојува во посета на Турција во неговото прво официјално патување во таа земја по преземањето на функцијата во декември минатата година.
Тој во Анкара ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Во соопштението на турското претседателство се наведува дека двајцата лидери ќе разговараат за руско-украинската војна, односите Турција-ЕУ и за билатералните односи.
Турција, која е членка на НАТО, има блиски односи и со Русија и со Украина, а минатата недела беше домаќин на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји, чии разговори не дадоа резултати, но дипломатските напори продолжуваат.
Германија и Турција имаат значителни трговски односи, додека околу три милиони луѓе со турско потекло живеат во Германија, што тесно ги поврзува двете земји.
Односите меѓу државите, сепак, беа на тест со ситуацијата со човековите права во Турција, вклучително и затворањето на германските новинари и активисти, како и нападите на Ердоган врз европските лидери.
Ново на Сител
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос