Шокантна исповед на Марина: Била жртва на мајката, имала три абортуси и сечела вени
Мајка и ја тепала, ја кубела за коса, велела дека е бескорисна и ја нарекувала проститутка бидејќи на 14 години едно момче првпат ја бакнало во уста. Ова е исповед на уметникот со светски глас и реноме Марина Абрамовиќ.
Таа како тинејџерка верувала дека е многу грда. Имала голем нос, многу мозолчиња, ужасна фризура, ортопедски чевли и очила со дебели стакла.
Некогаш неугледно девојче, денес уметничка икона и многу убава жена која наскоро ќе влезе во седмата деценија од животот. Своето растење таа го опишува во автобиографијата „Одење низ ѕидови“.
Книгата ја следат многу полемики, посебно оној дел во кој таа објаснува дека имала три абортуси бидејќи никогаш не сакала деца.
Автобиографијата на Абрамовиќ е бескомпромисна исповед како и сите нејзини перформанси во кои животот и уметноста се во нераскинлива врска.
Во книгата раскажува и дека има сечено вени, но и дека сопругот од неа барал безобразни работи.
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил