-->
-->
Шокантна исповед на калуѓерка: „Заветите ги пишувавме со крв и јадевме...”
-->

Калуѓерки биле принудени да пишуваат завети со сопствената крв, морале да се камшикуваат секоја вечер пред спиење и да јадат расипана храна, изјавила една поранешна членка на Редот Францисканци од Безгрешното зачнување.
„Си ја прободувавме кожата со игри пред пишувањето и бевме среќни што можеме да го направиме тоа“, раскажала анонимната калуѓерка за тоа како изгледало нејзиното служење во манастирот во 1990-тите години, а кое го објави италијанскиот весник „Corriere della Sera“.
Калуѓерката, која во тоа време имала само 17 години, покажала дури и стара разгледница со Дева Марија, која била покриена со кафеаво – црвени букви, за кои таа тврди дека се крв.
„Ни беше речено дека нашата врска со Бог на тој начин ќе биде посилна и поавтентична“.
Францисканските сестри морале после тоа да ги уништат картичките со заветот, но оваа калуѓерка одлучила да задржи една за себе. „Напишав две картички и едната ја зачував во куќата на моите родители“, раскажала таа.
Калуѓерката исто така тврди дека редовно јаделе стара и расипана храна, као јогурт и конзервирано месо на кои им истекол рокот на траење.
„Ни рекоа тоа послушно да го јадеме и дека ништо лошо нема да ни се случи. Но, тоа не беше вистина бидејќи јас имав сериозни проблеми со желудникот.“
Таа додала дека сестрите биле охрабрувани да се камшикуваат секоја вечер и тоа толку долго колку што им било потребно за да измолат пет Аве Марија, пет Оче наш и пет Слава на отецот.
Ватикан наредил истрага на нејзините тврдења и веќе е подготвено големо досие кое ги содржи сведоштвата на уште неколку калуѓерки, како и членови на Редот кои тврдат дека навистина се случувале тие работи.
Но, лидерот на Редот, отецот Стефано Мариа Манели ги негирал сите обвиненија. Инаку, тој уште во 1982 година го започнал овој ред кој има девет манастири во Италија и уште шест ширум светот, пишува „New York Post“., морале да се камшикуваат пред спиење и да јадат расипана храна, изјавила поранешна членка на
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
-

Со исти предизвици Сојузот на здруженија на дијабетичари одбележува 25 години од основањето
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
