Шокантна исповед на берберот на Тито: Ми рече, изгледа ќе умрам!
Мухамед Бајриќ од Сребреница, во текот на својата долгогодишна кариера како фризер за клиенти имал бројни познати личности од културниот, политичкиот и спортскиот живот на поранешна Југославија. Некои од легендите кој се нашле на неговата фризерска столица се Тито, Алија Изетбеговиќ, Бранко Микулиќ, Даворин Поповиќ, Мирза Делибашиќ.
Бајриќ далечната 1960 година се стекнал со занаетчиска диплома, година пред редовниот рок и во 15 година од својот живот заслужено ја добил титулата најмлад квалификуван работник во поранешна Југославија. Таа година го напуштил родниот град и се преселил во Сараево.
Се потсетува на разговорот со Тито кој го шишал во 1969 година, а кој во краткиот разговор го прашал од каде е и како постигнал успех во својот знает.
„Му реков дека сум од Сребреница и дека 1960. дојдов во Сараево. Ми рече дека три пати се подготвувал да оди во Сребреница во ловиштето и не му се допаднало.
„Изгледа ќе умрам, а нема да ја видам твојата Сребреница, се потсетува Бајриќ на Титовите зборови.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот