Шокантна исповед на актерот: Дознал дека неговата сакана личност е силувана и тргнал по одмазда
Искрено проговори за еден од најтешките периоди во животот.
Актерот Лиам Нисон откри дека еднаш тргнал во одмаздички поход откако неговата сакана личност била силувана.
Тој раскажа шокантна приказна на прес-конференцијата за новинари, која се одржа за да го претстави новиот филм „Cold Pursuit“.
-Таа со силувањето се носеше на неверојатен начин, но мојата прва реакција беше прашањето дали знае кој и го сторил тоа. Не знаеше. Прашав која раса е таа личност. Таа кажа дека е црнец. Се симнав долу и наоколу одев со палка, надевајќи се дека некој ќе дојде, раскажа 66-годишниот актер.
„Се движев така една недела, надевајќи се дека некој гад ќе излезе од некој паб и ќе се обиде да ме нападне, за да можам да го убијам”, рече Neeson.
-Беше ужасно, но научив лекција од тоа и на крајот помислив – што правам по ѓаволите?! Ја разбирам потребата за одмазда, но од тоа се јавува само нова потреба, само убивање и убивање, заклучи тој.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Можно ли е конечно политичарите да се договорат за прочистување на коруптивните функционери?
-
Искршена спомен плочата кај Карпалак, одбрана најавува целосно нов споменик
-
23 години од убиството на осум бранители кај Љуботенски Бачила
-
Беснеат шест активни пожари во Македонија
-
Никако да згаснат пожарите
-
За 4 години 130 здравствени работници ја напуштиле штипската Клиничка Болница