Македонија
15. September 2019 - 18:08

Шок во Аеродром, во парк пронајдено едно мртво, едно повредено куче

Утрово околу 09.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во парк на бул. „АВНОЈ“ имало едно мртво и едно повредено куче.

Во тек е вештачење за начинот на смртта на кучето од ветеринарна институција.

Се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.