Свет
30. October 2018 - 12:47

Шок снимка од потопената Венеција: Келнери во гумени чизми им послужуваат пици на гостите, а водата е до колена

Светските агенции наведуваат дека Венеција се подготвува за една од најголемите поплави, а на социјалните мрежи се шири снимка од еден венецијански ресторан на кој ниту поплавата не може да му го расипе бизнисот.

Додека патиштата се поплавени, училиштата затворени, а градот се подготвува за најголемата поплава од 1979 година во  еден ресторан од тоа направија гастрономско доживување.
 

Келнерите во чизми им носат пици на гостите кои ги има прилично, а стигнуваат и нови.

Секој гостин добива и непропустлива заштита за облеката.