Шок на натпреварот на Аргентина: Агуеро падна во несвест, итно пресен во болница
На играчите на Аргентина не им беше до фудбал во вториот дел од пријателскиот меч против Нигерија, која им даде три гола и го сврте натпреварот. Сега се знае и зошто, на полувремето во соблекувалната во несвест паднал Агуеро.
Серхио Агуеро изгубил свест на полувремето од пријателскиот меч меѓу Аргентина и Нигерија во руски Краснодар. Напаѓачот на Манчестер Сити итно бил пренесен во болница. Агуеро даде гол за 2:0 за Аргентина, со што се качи на третото место на најдобри стрелци на својата репрезентација, но во второто полувреме место него играше Бенедето.
Нигерија направи пресврт во продолжение, давајќи три гола. Многу од играчите биле потресени поради случувањата во соблекувалната кога Агуеро во безсознание лежел на подот. Во меѓувреме се разбудил, но ќе остане во болницата во Краснодар за дополнителни истражувања.
Банега погоди за 1:0 за Аргентина, Агуеро зголеми на 2:0. Инхеаначо намали на 2:1 пред крајот првото полувреме, а во продолжение Нигерија даде три гола за победа од 4:2, Идову еден и Алекс Ивоби два гола.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи