-->
-->
Шок: Двајца мажи пронајдени мртви во Скопје
-->
Вчера година во 17.00 часот во ЕИК Скопје, Љ.Д. пријавил дека на ул. „Сава Ковачевиќ“, во објект во изградба, има починато лице. Се работи за Г.Б. (27) од Скопје.
Смрт е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Вчера утро во 08.53 часот во ЕИК Скопје, З.Г. (49) од Скопје, вработен во ЕВН, пријавил дека во подземна вклучена 10КВ трафостаница на ЕВН Македонија, лоцирана во непосредна близина на Македонска опера и балет, пронашол безживотно тело на непознато машко лице.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321