Шојгу тврди дека Русите го зазеле Мариупол, Путин нареди блокада на Азовстал
– Вооружените сили на Русија и на Доњецката народна република, го ослободија Мариупол, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Како што пренесе Бгнес, Шојгу рекол дека „дел од националистичките формации се засолниле во индустриската зона на фабриката „Азовстал““.
– Од денеска, целиот Мариупол е под контрола на руската армија и на народната милиција на Доњецката народна република, а територијата на фабриката „Азовстал“ со националистите и странските платеници кои останаа во неа е блокирана, додаде тој.
Шојгу подвлече дека, последните два дена, руската страна имала режим на прекин на огнот од 14 до 16 часот по локално време. Тогаш, биле прекинати сите воени дејствија и се отворале хуманитарни коридори, како што појасни тој, за да можат цивилите да заминат од територијата на „Азовстал“.
Кога Мариупол бил опколен, вооружените сили на Украина и странските платеници броеле околу 8.100 лица, рекол Шојгу.
– Во рамките на ослободување на градот, над 4.000 се уништени, а 1.478 се предадоа. Останатите, над 2.000 луѓе, се блокирани во индустриската зона „Азовстал“, тврди рускиот министер.
Според него, на руските војници им требаат три до четири дена, за да ја довршат работата на „Азовстал“.
Шојгу нагласил дека се преземени сите мерки за заштита на населението и покрај отпорот на украинските сили во Мариупол, од градот биле евакуирани над 142.000 граѓани и „ослободени биле сите заложници во пристаништето“.
Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната средба со Сергеј Шојгу наредил да се откаже нападот на фабриката за челик Азовстал.
Путин ја образложил одлуката со цел да се спасат животи на руските војници.
– Ова е случај кога треба да размислуваме – односно секогаш мораме да размислуваме, но во овој случај уште повеќе – да ги заштитиме животите и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да влегуваме во тие катакомби и да ползиме под земја над тие индустриски капацитети, рекол тој.
– Блокирајте ја индустриската зона за да не може мува да прелета, нагласил Путин.
Тој додал дека Русија гарантира за животот и достоинствен однос кон украинските војници кои ќе го напуштат Азовстал.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот