Шмид: Очекувам земјата да ги спроведе сите препораки од ОДИХР за изборите
Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид денеска изјави дека секогаш е важно да се спроведат препораките коишто се даваат пред и по изборите и очекува Македонија да ги спроведе сите препораки.
Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што Македонија учествува во регионалниот проект за мониторинг на судењата за борба против организираниот криминал и корупцијата затоа што овој мониторинг ќе даде индикации за таму каде треба да се зголемат капацитетите.
– Уште еден проблем кој влијае врз сите е трговијата со луѓе, проблем којшто се влоши за време на КОВИД-кризата, тоа е поврзано со организираниот криминал и на ова прашање соработуваме со многу држави. Ова не е прашање кое може да го реши само една земја, рече Шмид.
Додаде дека борбата против корупцијата е прашање кое што влијае на сите и затоа е од приоритетна важност за ОБСЕ.
– Работиме на ова прашање. Имаме програми за многу земји, рече Халга Шмид.
Ново на Сител
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет