-->
-->
Шкотска: Го почитуваме ставот на Каталонија
-->

Шкотската влада соопшти дека „го почитува и разбира" ставот на владата на Каталонија.
Владата, предводена од страна на Шкотската национална партија, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека „наметнувањето на директна контрола на Мадрид не може да биде решение"
Шкотската министерка за надворешни работи Фиона Хислоп во соопштението наведе дека народот на Каталонија „мора да има можност да одлучува за својата иднина".
- Европската унија има политичка и морална одговорност да го поддржи дијалогот за да се утврди дека ситуацијата може да се реши мирно и демократски, рече Хислоп.
Во Шкотска постојат тенденции за независност од Велика Британија. Но, на референдум во 2014 година 55 отсто гласаа против, додека 44 беа за независност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
