Шкотска е подготвена да прифати илјада бегалци
Шкотскиот прв министер Никола Старџен изјави денеска дека Шкотска е подготвена веднаш да прифати илјада бегалци, како почетна основа за натамошно разместување на луѓето од Блискиот Исток, на кои им е потребна помош.
Тој зборуваше на една конференција на која се расправаше околу тоа, како Шкотска може да помогне за да се олесни сегашната меѓународна бегалска криза.
Претходно Старџен, во специјално писмо, го повика британскиот премиер Дејвид Камерон, Британија да прифати повеќе бегалци.
Камерон денеска рече дека во текот на идната недела ќе објави план според кој Велика Британија ќе прими „неколку илјади бегалци“ без притоа да открие колкава ќе биде бројката.
Според британскиот премиер, земјата ќе прими бегалци од камповите долж сириската граница, а не од оние кои веќе се наоѓаат на европскиот континент.
- Велика Британија ќе дејствува со разум и срце, рече Камерон, инсистирајќи и понатаму на потребата да се најде долгорочно решение за кризата во земјата и во регионот од каде доаѓаат бегалците.
Првиот министер на Шкотска се согласува дека е потребно трајно и мирно решение за сириската криза, но Старџен заговара сега и веднаш да се дејствува околу помагањето на лугето кои бегаат о воените зони.
Страџен смета дека Шкотска и Велика Британија имаат и „морална обврска“ за преземање на бегалците, во една „фер и пропорционална распределба“ на луѓето кои им е потребна помош.
Лондонските медиуми проценуваат дека Британија ќе прифати четири илјади бегалци, што и понатаму е далеку помалку од бројкара која ќе ја прифатат другите поголеми земји во ЕУ.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот