Loading Video...
Фудбал
23. September 2018 - 17:57

Шкендија среќно до победа кај Силекс

 
 
Дерби дуелот од 6.коло во ПМФЛ одигран попладнево во Кратово, го доби актуелниот шампион Шкендија, совладувајќи го Силекс со 2-1. 
 
Иако гостите уште во 14.минута преку Бојку поведоа со 1-0, сепак во продолжението кратовци вршеа константен притисок на голот на тетовци. 
Но. Дури во 81.минута Силекс стигна до израмнување 1-1- со прекрасниот гол на Христијан Грозданоски . 
 
И кога сите очекуваа со тој резултат ќе заврши дербито, во втората минута од судиското дополнение (90+2), по една мешаница во шеснаесетникот на Силекс, најдобро се снајде Бесарт  Ибраими, па со неговиот гол Шкандија дојде до победа од 2-1. 
 
На останатите средби од ова коло одиграни попладнево беа постигнати овие резултати: Ренова – Беласица 0-2, Шкупи – Македонија  Ѓ.П  2-1 и Победа – Академија  Пандев   2-4. 
 
Вчера во скопското дерби Вардар во улога на гостин го победи Работнички со 2-0. 
 
Табела: 
1 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15  бодови
2 ШКЕНДИЈА 14
3 ВАРДАР 14
4 РАБОТНИЧКИ 9
5 ПОБЕДА 8
6 ШКУПИ 5
7 СИЛЕКС 5
8 БЕЛАСИЦА 5
9 РЕНОВА 4
10 МАКЕДОНИЈА ЃП 3