Фудбал
11. January 2016 - 13:18

Шкендија претстави проверени засилувања

Екипата на Шкендија е блиску до освојување на барем еден трофеј во македонскиот фудбал со пласманот во 1/2 финалето од националниот куп но тетовчани најавуваат и атак на шампионската титула каде заостануваат 5 бода зад лидерот Вардар. 

Во пресрет на пролетниот дел „Црвено-црните“ од Тетово се засилија со четири нови имиња Ндерим Неџипи, Штефан Вујчиќ, Костадин Захов и Алем Мерајиќ. Искусниот Неџипи по трет пат ќе го облече дресот на Шкендија и треба да претставува сериозно освежување на средината на теренот како и Штефан Вујчиќ кој дојде од Работнички.
 
Двајцата играчи потпишаа 18-месечни договори.