Loading Video...
Фудбал
24. July 2019 - 13:30

Шкендија повторно се посрамоти, водеше па загуби од Дуделанж

По елиминацијата во Лигата на шампионите од анонимниот естонски тим Номе Калју, фудбалерите на Шкендија повторо се поразени пред својата публика. 

Овојпат, тетовци загубија од луксембуршкиот тим Дуделанж  со 1-2 во првиот натпревари од второто квалификациско коло за Лига Европа.

Како и против естонскиот тим така и протрив Дуделанж, Шкендија го доби првото полувреме со 1-0 откако уште впо 7.минута Агим Ибраими беше сигурен реализатор на најстрогата казна. 

Тетовци пропуштија уште две-три добри можности, но до крајот на првиот дел остана резултатот 1-0

Во второто полувреме. Две кардинални грешки на младиот голман Реџепи кој најнапред во 64.минута направи лоша проценка со која му дозволи на Адел Бетаиеб да го израмни резултатот, за само четири минута да направи прекршок за пенал, кој го реализира Данел Синани поставувајќи ги конечните 2-1 за Дуделанж. 

Со тоа Шкендија драстично ги намали шансите за прогрес во следната рунда, иако останува да се одигра и реванш средбата која е закажана за во вторник.