Фудбал
21. July 2017 - 0:12

Шкендија го потврди пласманот во третата рунда во Лига Европа

 
 
Фудбалерите на Шкендија го потврдија својот пласман во третото квалификациско коло за Лига Европа.
 
Шкендија попладнево на гостувањето во Хелсинки во  реванш меч против тимот на ХЈК одигра нерешено 1:1, а со вкупен резултат од 4:2 тетовци се пласираа во следната рунда.
 
Во првиот дел домаќините поведоа со 1:0 благодарение на авто-голот на Марјан Радески во 28.минута. Сепак во вториот дел тетовци заиграа на посакуваното ниво, а како резултат на таквата игра дојде и голот во 71.минута на Иван Челиковиќ за израмнување на 1:1.
 
Шкендија останува единствениот македонски преставник во Лига Европа, откако претходно попладнево, Работнички беше елиминиран од Динамо Минск од кој во реваншот загуби со 3:0.