Фудбал
24. јуни 2017 - 13:32

Шишковски: На сите три дуели се надигувавме

На последниот натпревар на ЕП во Полска за играчи до 21 година против Португалија на голот на нашата репрезентација беше Дамјан Шишковски.

- Одигравме три натпревари со репрезентации од ТОП 5. На сите дуели бевме равноправни и се надигрувавме. За малку ќе имавме и една победа против Србија, кога примивме гол во 90 минута. Ние што сме родени 1994 и 1995 година ги имавме последните настапи во оваа селекција, сега ни останува да работиме напорно во своите екипи и да очекуваме повик од селекотор од А репрезентацијата. за дел од играчите секако ќе имаат можност да играат и во новиот циклус квалификации, истакна голамот Шишковски.
Тој според планираното заедно со своите соиграчи Кире Маркоски и Елиф Елмас треба попладнево да бидат на подготовките на својот тим за претстојните настапи во квалификациите од Лига Европа со екипата на Тре Пене од Сан Марино.