Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим
Поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим, а на церемонијата ќе присуствуваат голем број светски лидери.
Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 93-годиншна возраст ќе биде одржана на израелските национални гробишта Гора Херци во Ерусалим. Перес престојуваше во болница по мозочниот удар кој го претрпе пред две недели.
На погребот на лидерите од целиот свет, меѓу кои како што е најавено ќе бидат американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, германскиот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс, ќе им се придружи и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Абас ќе ја предводи делегацијата на високи палестински функционери, вклучувајќи го главниот преговарач со Израел, Саеб Ерекат.
На погребот е најавено и присуството на американскиот државен секретар Џон Кери, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, канадскиот премиер Џастин Трудо, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, шпанскиот крал Фелипе Шести, холандскиот премиер Марк Руте, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, поранешниот британски премиер Тони Блер и многу други.
Во Израел се воведени зајакнати мерки за безбедност, при што осум илјади полицајци ќе бидат мобилизирани во операцијата за која началиникот на полицијата во Ерусалим рече дека е без преседан.
Ново на Сител
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура