Шилегов: За мене скопјани се најважното нешто во овој град, не е политиката
Кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во вечерашната Тема на денот на Сител во однос на впечатокот од проектите кои ги имаат противкандидатите, а ги нема во неговата програма кажа дека за жал неуспеал да препознае концепт во било кој од противкандидатите.
- Градот не е решавање на проблематиката на микро ниво, проблеми на микро ниво секогаш имало и секогаш ќе има, ќе се појавуваат секогаш, тоа е нормална работа. Она што е неопходно на овој град е стратешки развој, она што е неопходно на овој град е да ги ставиме интересите на скопјани пред политиката, тоа е она што го работевме во изминатите 4 години и јас стално велам и во кампањата за мене скопјани, луѓето се најважното нешто во овој град, не е политиката. Го сменивме тој паритет, порано луѓето беа употребувани да служат на политиката, сега се случува сосема спротивното, политиката служи на граѓаните. Во овој мандат успеавме нешто што порано било навистина тешко да се разбере, а тоа е конечно да го обединиме градот, такво нешто не успеав да препознаам.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
