Шилегов: Треба да се прави разлика меѓу разрешен, сменет и дадена оставка
Треба да се прави разлика меѓу термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заедно со другите другари, потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарското прашање дали ќе поднесе оставка по вчерашното партиско разрешување.
– Уште пред седницата на Централниот одбор вчера истакнав дека наша задача како луѓе и победата која што ја имавме на претседателските избори да креираме внатре партиски политики што ќе верификуваат таква победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ДПМНЕ во изминатите 15 години, нагласи Шилегов кој денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на улицата „Димитриа Чуповски“ во центарот на Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје рече дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет.
– Политички интегритет покажавме сите ние кои што и ја дадовме таа оставка, затоа што во политиката ништо не е вечно, како дојдовме, така е и логично во еден даден момент да си одиме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите, политиките што ги креирав и стратегиите што ги креирав во изминатата една и пол година како градоначалник за нашиот град, ќе видите и ќе знаете, така што креирањето на тие политики, реализцатијата на тие политики се нешта што допрва следуваат, заклучи Шилегов.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра