Шилегов: Со пописот локалните самоуправи ќе добијат можност да ја планираат иднината и развојот
Градоначалникот на Град Скопје и прв човек на ЗЕЛС Петре Шилегов денеска повика сите локални самоуправи да дадат придонес во спроведувањето на пописот. Средствата кои се потребни да се обезеди логистичка поддршка не се големи, рече тој, а она што ќе го добијат локалните самоуправи е многу значајно за нивниот понатамошен развој.
– Од средбата ќе произлезат работни заклучоци во контекст на тоа што е тоа што единиците на локална самоуправа треба да го обезбедат, иако тоа стои во законските одредби. Во секој случај станува збор за просторно обезбедување за нормално функционирање на пописните комисии, потребната електроска инфораструктура со цел да обезбедиме непречено спроведување на претстојниот попис, рече Шилегов по средбата на државниот врв со директорот на Државниот завод за статистика и градоначалниците.
Тој додаде дека не станува збор за големо зголемување на материјални трошоци за да било која единица на локалната самоуправа, а од пописот сите ќе добијат реални податоци за тоа што е на нивната територија со цел, по основ на тие податоци да може да се креираат политиките на микро ниво во средините, во заедниците.
-Затоа апелирам до сите политички субјекти во нашата држава да ја напуштат деструкцијата да се откажат од евентуалните повици на бојкот и оценување на уставоност на законите. Деструкцијата нема никаде никого да одведе, напротив. Ако сакаме извесна иднина за нашата држава, добро планирање за развојот на нашата држава, ако сакаме да бидеме партнери во ЕУ ние треба да ги имаме ровие релевантни податоци. Ваквите повици, историски и политички секогаш завршувале со пораз на деструкторите од една страна, а од друга страна мислам дека ние што сме во олитиката немаме право да ја влечеме држават назад, рече Шилегов додавајќи дека граѓаните ги бираат токму за спротивното, да ги подобрат условите за живот во нашата држава.
Ново на Сител
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
-

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
