Шилегов: Подигнати 600 кубни метри отпад од стрништата
![]()
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информира дека има одлични резултати од спроведувањето на кампањата на Град Скопје за бесплатно чистење стрништа, поддржана од УНДП и MDC-TI-NET. Досега е лоцирано палење на повеќе локации, а тројца сторители се санкционирани со парична казна.
– Од 20 август до денеска бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје имаат побарано над 120 жители на нашиот град при што се подигнати, а со тоа е и спречено палење на 600 метри кубни отпад. Град Скопје е прва единица на локална самоуправа што ја почна оваа кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата со цел намалување на загаденоста на воздухот, зачувување на плодноста на почвата, но и спречување на ширење на евентуални пожари кои не ретко предизвикуваат серизони материјални штети, а понекогаш за жал и загуба на човечки животи, рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Кампањата, која е кон крајот, Шилегов најави дека ќе продолжи следната година и ќе биде проширена на повеќе нивоа.
– Очекуваме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се вклучи во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Очекуваме и Скопскиот плански регион масовно да се вклучи во оваа кампања, имајќи предвид дека во Скопската котлина имаме сериозен дел од т.н. земјоделски општини, рече Шилегов.
Раководителот на секторот Инспекторат на Град Скопје Мирослав Богдановски информира дека првпат во функција ги пуштиле дроновите со кои се врши прелет на теренот.
– Формирани се екипи, патроли на терен составени од еден инспектор за животна средина, еден комунален инспектор и еден комунален редар. Продолжуваме со интензивните и засилените контроли на терен. Веќе нема „Тоа не е во моја надлежност“ и затоа патролите се од мешан состав и на терен, ако нешто се случи, имаме инспектор кој може да постапува, рече Богдановски. Додаде дека улогата на инспекторите на терен е и советодавна, односно да укажат за штетноста од палењето на отпадот и за тел. број 071/395-395, каде се врши бесплатно подигање на отпад.
Информира дека секојдневно се вршат контроли во скопските општини. Најголем број повици се од општините Сарај и Ѓорче Петров.
На прес-конференцијата беше прикажана снимка од еден инспекциски надзор, каде индентификувале лице кои врши спалување на таков вид отпад.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
