Шилегов: По снегот, сите улици и булевари се чисти
По вчерашниот снег, сите градски улици и булевари во Скопје се проодни и чист, информираше на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Екипите на зимската служба на Град Скопје цела вечер работеа на терен и интервенираа на сите булевари и улици кои се во надлежност на Град Скопје. На терен се интервенираше со сите 16 возила на градската зимска служба.
Ги известуваме граѓаните дека градските автобуси на ЈСП сообраќат на сите линии и сообраќајот се одвива нормално и без никаков прекин. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба ќе продолжат да работат на терен а истовремено ќе ја следат состојбата и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот.
Им препорачуваме на сите возачи да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите“, напиша Шилегов.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час