Шилегов: По 44 години целосно се реновира СУГС „Никола Карев“
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го посети СУГС „Никола Карев“ каде првпат се врши целосно реновирање, по 44 години од изградбата на овој објект.
- Во Гимназијата „Никола Карев“ се поставува изолација за постигнување енергетска ефикасност на овој објект, довршување на надворешната столарија, реконструкција на плафонот со прилагодување на електричната инсталација за осветлување, како и други ѕидарски, изолациски и лимарски работи во различни делови од ова училиште, изјави Шилегов.
Тој информира дека поставувањето енергетски ефикасна изолација во ова училиште, како и кај „Панче Караѓозов“, се изведува од внатрешната страна бидејќи станува збор за објекти кои се споменици на културата од втор степен. Појасни дека реконструкцијата на фасадите ги опфаќа сите средни училишта во Скопје кои имаат потреба од тоа.
Шилегов соопшти дека во тек е реконструкција на фасадите на средните училишта и оти 13 од 23 ќе добијат енергетски ефикасни фасади.
- Во тек е реконструкција на „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“, рече Шилегов.
Скопскиот градоначалник информира дека висината на вкупните средства за оваа намена изнесува речиси 60 милиони денари и опфаќа 19 училишта кои ќе добијат енергетски ефикасни фасади, санирани покриви, надворешна столарија, подови, електрика и греење. Дел од училиштата почнуваат и со адаптација на тоалети за лица со посебни потреби. Во „Никола Карев“ во текот на претстојната година ќе се постави лифт за лицата со посебни потреби.
- Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата предвидени за криминалниот проект „Скопје 2014“. Приоритетите во нашиот град се нашите деца и ученици, нагласи Шилегов.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%