Шилегов: Некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето

Една од воведените вонредни мерки за зголемена загаденост на воздухот е воведување бесплатен јавен превоз со цел да го дестимулираме автомобилскиот сообраќај во што за жал не успеваме, ама тоа не е вина, ниту на Градот, ниту на Владата. Веројатно некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето и тие се како интервентни мерки, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Според него, интервентноста на мерките важи до моментот до кога се исполнети законските услови Градот да ги води како интервентни.
– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.
Додаде дека вонредните мерки за зголемена аерозагаденост ги утврдува МЖСПП, а согласно Акцискиот план, Градот има определени обврски во моментот кога ќе добие известување од страна на МЖСПП и од Владата да постапи.
Бесплатниот превоз како мерка заштита од загадувањето беше воведен завчера во 18 часот, а е укинат денеска на пладне.
Ново на Сител
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
