Loading Video...
Фудбал
7. May 2021 - 20:15

Шилегов: ФК Вардар има голем долг кој градот не може да го плати

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов смета дека градот не може да го плати долгот од 3.5 милиони евра на ФК Вардар кој е на име на приватна фирма. 

Токму тоа е причината што инвеститорот од Катар не може да го добие клубот изјави за утринската програма на ТВ Сител , Шилегов. 
 
Само кога ќе добиеме гаранции дека долгот ќе се плати тогаш ќе го вратиме Вардар под капата на градот и ќе можеме да бараме решение за тешката состојба во која се најде нашиот најпопуларен клуб. 
 
Сепак да потсетиме дека Вардар е продаден за 5 милиони денари на првиватна фирма и сега е во сопственост на РК Вардар рече скопскиот градоначалник.