-->
-->
Шиков: Да бидеме тим во вистинска смисла на зборот
-->
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Ванче Шиков очекува добар резултат на претстојниот дуел со Црна Гора.
- Квалификациите ги завршивме на најмалку посакуваниот начин и сега е време да се оддолжиме пред себе и пред навивачите. Не заслужуваме да бидеме на местото на кое се наоѓаме, но факт е и дека не изгледавме како екипа на некои од натпреварите во последниот циклус. Новиот селектор наметнува свои идеи и принципи, сите се надеваме дека ќе бидат од корист, а најважно е да донесат резултат. За нас е битно да заборавиме на лошите натпревари и да свртиме нов лист. Враќањето на Горан Пандев е исклучителен момент, сигурно ќе ја подобриме атмосферата, квалитетот во играта и реализацијата,вели Шиков.
И членот на Палермо, Александар Трајковски очекува прекин на лошата резултатска серија.
- Црна Гора е квалитетна репрезентација, доаѓаат во најсилен состав со Вучиниќ и Јоветиќ. За нас ќе биде многу значајно доколку успееме да оствариме добар резултат. Со новиот селектор верувам дека ќе бидеме поофанзивни, дека ќе создаваме шанси. Со победа може да ја кренеме самодовербата и на некој начин да направиме да не се плашиме да играме. Не заслужуваме да бидеме на оваа позиција каде што сме сега, затоа што имаме квалитет. Ако забележиме победи на двете пријателски средби против Црна Гора и Либан работите сигурно ќе тргнат на подобро. Психолошки сме малку паднати по лошите квалификации, но тоа треба да го оставиме зад себе. Ова се натпревари кои можат да ни ја вратат самодовербата и се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа доколку бидеме успешни на теренот, истакнува Трајковски.
Македонија против Црна Гора игра в четврток на 12 ноември, а пет дена подоцна противник ќе и биде Либан. Двата натпревара ќе се одиграат на „Филип Втори“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот