-->
-->
Шестто издание на фестивалот „Битолино“ во Битола
-->

Во Битола од денеска до 7 август ќе се одржи шестиот Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.
Фестивалот е во организација на „Бабец театар“ од Битола, а финансиски е поддржан од Министерството за култура.
Директорот на манифестацијата, Васко Мавровски на денешната прес-конференција информира дека оваа година на фестивалот ќе настапат пет театри од Белгија, Албанија, Русија, Ерменија и од Франција.
Тој додаде дека „Бабец театар“ и покрај финансиската криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои, пред се, ќе бидат достојни за презентација пред публиката и кои ќе допрат до секое дете.
- До крајот на оваа година најавуваме два нови наслови и веќе сме во преговори да го продолжиме проектот - редовен репертоар со детски претстави. Горди сме што создадовме една генерација млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот, додаде Мавровски.
Шестото издание на ИДТФ, како што соопштија организаторите, ќе го отворат децата од театарската школа Бабец со изведба на претставата создадена по идеа и текст на Јулијана Мирчевска со наслов „Моето кралство“.
- Секојдневно ме погодуваат настаните од нашата реалност, од овој свет кој стана премногу злобен за да можам да го сакам, одземени ми се мислите, во главата ми остануваат слики на скратени детства и постојано ми се раѓаат прашања дали од секогаш човештвото било вакво. И токму затоа колку повеќе стареам, повеќе сакам да бидам дете, во душата, во срцето и затоа го создадов „Моето кралство, истакна Мирчевска, која е и програмски директор на фестивалот.
На Битолино утре ќе се одржи театарска работилница на новата сцена во Центарот за култура – Битола на тема:„Невербалната комуникација во театарот“.
И оваа година претставите на ИДТФ „Битолино“ ќе се борат за наградата „Најдобра претстава во целина“, а ќе биде доделена од тричлено жири во состав Валентина Грамосли и Никола Пројчевски - актери во Народниот театар во Битола и Јавор Зехиров – магистер за куклен театар од Софија, Бугарија.
Фестивалот е поддржан од Центарот за култура Битола, НУ Народен Театар Битола, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР. вг/19:33
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
