-->
-->
Шестмина загинати при потонување на чамец со имигранти кај Кос
-->
Најмалку шест лица загинаа утрово при потонување на чамец со имигранти северно од грчкиот остров Кос во Егејското Море, објави атинската телевизија Антена.
Истиот извор наведува дека спасувачките екипи досега пронашле тела на тројца мажи, две жени и едно бебе.
Еден од имигрантите кој се наоѓал на чамецот успеал да доплива до Кос и за настанот ги известил грчките власти. Според него, во чамецот имало десет лица.
Операцијата за потрга по останатите имигранти, во која се вклучени брод на Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс), хеликоптер и чамец со волонтери, продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото