Шести конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“
Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга го распишуваат шестиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.
Според конкурсните услови, расказите односно песните не треба да се претходно објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови
Ракописите во четири примероци отчукани на Tiimes New Roman или Ariel со македонска поддршка треба да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 96330 Струга, со назнака Конкурс за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2016 година, или по електронски пат на: raskazchachanski@hotmail.com zbirkakoteski@hotmail.com
Две тричлени жирија составени од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот „Струшки книжевни средби“, во почетокот на јули 2016 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Славчо Ковилоски.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола