-->
-->
Шест пожари во август во Крива Паланка
-->

Екипите на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, интервенирале на шест пожари во месец август, двојно помалку од август претходната година.
Од нив три се на отворен простор, два на обејкти и било запалено моторно возило, информираат од ТППЕ Крива Паланка.
Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка информира дека пожарникарите интервенирале при гаснење пожар кај месноста Стражин. Изгореле 3 хектари: сува трева, багрем и даб. Бил запалено овоштарник и стрниште кај Долно Варовише, над манастирот Св „Јоаким Осоговски“, каде изгореле 5 хектари. При гаснењето на овие пожари помогнале и екипите на ЈП Македонски шуми подрачна единица Осогово.
Освен овие интервенции, бил пријавен и пожар во населба Баглак 3, каде била запелена дива депонија и по кратко време поради високите температури пожарот се проширил во борот. Немало материјална штета.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка апелираше до кривопаланчани да бидат внимателни за да се избегнат несакани последици.
- Ги замолувам граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред влезот и излезот на ТППЕ Крива Паланка, како би можеле нашите екипи навреме да пристигнат на местото на инервенција, додаде Коцевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
