Шест месеци изменет режим на сообраќај на делницата Тетово-Гостивар
Почнувајќи од денеска ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.
Како што информира АМСМ, времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект.
- Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните активности, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители