Свет
4. November 2016 - 9:27

Шест лица се повредени во силна експлозија пред зграда на полицијата во Дијарбекир

Шест лица се повредени во силна експлозија пред зграда на полицијата во турскиот град Дијарбекир, кој е населен главно со Курди.

Се уште не е познато која е причината за експлозијата, која се слушнала во целиот град, тврдат очевидци.

Експлозијата избувна неколку часови откако турската полиција изврши претрес во домовите и уапси 11 пратеници на прокурдската Демократска партија на народите.