Македонија
5. November 2019 - 15:29

ШЕСТ ГОДИНИ ВО КОНТИНУИТЕТ, КОМПАНИЈАТА dm drogerie markt СО ДВОЦИФРЕН РАЗВОЈ НА ПРОМЕТОТ

• Остварен промет од 919 милиони МКД, што претставува пораст од 28,2% 
• Остварен рекорден промет на dm drogerie markt групацијата во Европа од 11.2 милијарди евра
• 16 продажни објекти во 6 градови 
• Најголем понудувач на сопствени трговски брендови во С.Македонија со понуда од речиси 4.000 производи 
 
Скопје, 01.112019 – Со остварен промет од повеќе од 919 милиони денари што претставува раст од 28,2 отсто, компанијата dm drogerie markt во Северна Македонија имаше успешна деловна 2018/19 година (01.10.2018 - 30.09.2019). Во текот на овој период, dm инвестираше речиси 49 милиони денари (+69,7%), насочени кон отворање на нови објекти во Битола и Скопје како и модернизација на постоечките продажни објекти. 
Со остварен промет од 11.2 милијарди евра и развој од 4,6 отсто dm групацијата ја потврди и својата позиција како водечки дрогериски ланец во Европа. dm drogerie markt e присутен во 13 европски земји со мрежа од 3.668 продажни објекти и повеќе од 62.000 вработени. 
- За континуираниот двоцифрен развој веќе шест години по ред, заслужна е нашата константна посветеност на потребите на купувачите, на чија основа ја креираме понудата на производи и ги унапредуваме услугите. Подготвувајќи се за нови инвестиции и проекти во годината која ни претстои, продолжуваме и понатаму да вложуваме во нашите најважни ресурси – вработените, како основа за иден раст и развој на целата компанија - истакна Весна Стојановиќ, директор на dm drogerie markt во Србија и Северна Македонија.
 
Со понуда од повеќе од 13.500 производи од кои повеќе од 700 се од домашни произведувачи, dm важи за место каде може да се најде „Сѐ на едно место” од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска храна како и лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња. 
 
dm ја потврди позицијата на најголем понудувач на сопствени трговски брендови на пазарот со понуда од речиси 4.000 производи. 
 
Веќе препознатливите dm брендови како Balea, alverde, dmBio, babylove и Denkmit и други се со идентичен квалитет во сите 13 земји во кои dm работи.
 
Понудата на сопствени брендови оваа година компанијата ја збогати со нов премиум бренд SEINZ. Станува збор за производи за нега на мажи, бричење и стајлинг, кои покрај со својот визуелен изглед, се истакнуваат и со одржливиот аспект, па повеќето амбалажи се направени од рециклирачки материјали.
 
Со континуиран развој на сопствената марка dmBio и соработка со домашните произведувачи на органска храна, компанијата со понуда на повеќе од 400 продукти важи за понудувач на најширока палета на органска храна во Македонија. 
 
Својата стратегија за диференцијација во асортиманот јасно ја докажува со активен развој на понудата на брендови ексклузивно достапни во dm. Со повеќе од 150 ексклузивни производи, изборот е проширен и со најновите трендови од корејската и јапонската козметика за нега и убавина. Богат и разновиден асортиман кој ги следи и е во чекор со промените на потрошувачките потреби останува во фокус на работењето на компанијата и во наредната деловна година.
 
Купувачи ги препознаа напорите кои dm како компанија ги вложува на своите потрошувачи да им овозможи задоволство при пазарувањето, а во  прилог на тоа говори годишната анкетата која ја пополнија повеќе од 2.200 испитаници. Најголем број од нив со највисока оценка ја оценија асортиманската понуда на dm, a дури 90 отсто од испитаниците би го препорачале dm на своите роднини и пријатели.
 
Дрогерискиот ланец ја покажа својата јасна деловна ориентација и определба кон одржливиот развој првенствено со иницирањето на кампањата „Одбираме совесно“ која има за цел едукација на купувачите за значењето на  совесното пазарување и консумирање на алтернативни производи за исхрана, убавина и домаќинство. Во рамки на кампањата за зачувување на животната средина, на самиот почеток на деловната 2019/20, односно од 21 октомври, dm во потполност ги повлече од продажба пластичните кеси, нудејќи им на своите купувачи еко алтернативи како хартиени ќеси, повеќекратни торби и торби од 100% органски памук. Компанијата продолжува со кампањата „Трајна торба за цел живот”, преку која нуди бесплатна замена на секоја оштетена памучна торба купена во некоја од dm дрогериите.
 
Под слоганот „ЗАЕДНО едни за други“ изминатата деловна година dm drogerie markt донираше 600.000 денари во различни проекти, училишта и институции со што го продолжи своето делување како компанија со висока општествена одговорност. 
 
Силната поддршка на своите вработени, пазарно атрактивна заработувачка како и многу дополнителни бенефити – две дополнителни плати во текот на годината, бесплатни проширени систематски прегледи како и курсеви по германски јазик и оваа година ја става компанијата dm drogerie markt во групата на најпосакувани работодавачи. Во фокус на компанијата е да создава услови за своите вработени во кои секој поединец може да делува одговорно и со сопствената иницијатива да допринесе за целата групација.
 
Водејќи се по принципот – човекот како центар на сите активности и основа на работењето – компанијата dm и во иднина ќе продолжи да ги развива потенцијалите на своите вработени, како и да ја негува стекнатата доверба кај своите купувачи, преку активно учество во животот на заедницата во која делува. 
 
Единственоста на dm во Европа претставена на следното видео