Шест часа денеска без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река

Во периодот од 09:15 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидaт жителите на целото дебарско подрачје.
Како што информираа од ЕСМ за МИА, прекинот е поради редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.
-Ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во ХЕ „Шпилје“, профилактички испитувања на 110 kV Блок трансформатори и 110/35 kV РТР oд страна на надворешен извршител, како и редовни годишни ревизиски активности од службата за електро машинско одржување (СЕМО) на ХЕС „Црн Дрим“, соопштија од ЕСМ.
Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа повеќе од дванаесет илјади потрошувачи.
Ново на Сител
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
