Шеснаесет Авганистанци кои престојуваа во земјава заминаа за Канада
Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада заминаа група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја.
-Станува збор за вработени, соработници и членови на нивните семејства на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјална членка. Претходно во два наврата заминаа уште десетмина граѓани на кои, исто така, крајно одредиште им е Канада, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на редовната прес-конференција.
Во земјава во моментов престојуваат 542 авганистански граѓани на кои, рече Арсовски, институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.
Од земјава досега заминаа 178 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, додаде владиниот портпарол.
Ново на Сител
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција:Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
