ШЕРБЕТ ОД БРУСНИЦА
Безвременска приказна која стана класика и за брзо ги собори сите рекорди на гледаност, оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата во сите возрасни групи. Популарноста на оваа импресивна драма ги надмина и границите на малите екрани, станувајќи глобален феномен на социјалните мрежи и привлекувајќи огромен број на фанови кои со нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода.
Продолжува моќната приказна за забранетата љубов која ќе треба да ги надмине сите животни искушенија и да се избори за својот триумф. Љубовта меѓу Доа и Фатих предизвика судир меѓу две семејства за кои беше невозможно да живеат заедно. Судир кој ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата. Ќе може ли сега Доа да го прости неверството на оној кој се колнеше во традиционалните и семејни вредности? Ќе може ли Абдула и Алев да ја признаат својата тајна романса пред сите оние кои несомнено ќе ги осудат? Ќе дојдат ли среќни мигови во врската меѓу Кивилџим и Омер или љубовта ќе се лизне пред нови искушенија? Следуваат нови возбудливи моменти во животите на вашите омилени ликови. Моменти кои ќе го стават на тест бракот меѓу Доа и Фатих, како и правото на старателство над нивното дете.
И во новите епизоди, мостовите на животот ќе донесат бура од интензивни сплетки и емоции во една од најгледаните драмски серии на денешницата
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
