Џет-Сет
16. August 2016 - 8:52

Шер снима нови песни

Американската поп пејачка Шер не дозволува ништо да го забави нејзиното темпо и напорно работи на нови песни.

И покрај тоа што американските меидуми во последно време известуваат за лошото здравје на поп дивата, таа ги демантираше на Твитер со најавата дека ќе објави две песни, кои веќе ги снимила.

„Само што излегов од студио. Завршив две песни. Преуморна од снимање“, напиша Шер на Твитер.

Иако веќе има полни 70 години, таа не планира пензија.