„Шеќерното дете“, прв македонски филм поддржан од МЕДИА

Играно-анимираниот долгометражен филм наменет за деца „Шеќерното дете“ доби поддршка за развој од потпрограмата на Кретивна Европа – МЕДИА, специјализирана за развој, дистрибуција и помоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа.
Како што информира Скопје Филм Студио, филмот е оценет како - „Универзална, безвременска приказна за деца, со оригинална и привлечна премиса и силен драматуршки потенцијал“. „Шеќерното дете“ се најде меѓу 56-те селектирани од 356 прифатени пријави во ноемврискиот рок минатата година, кога македонските продукциски куќи првпат имаа можност да аплицираат.
„Шеќерното дете“ е во продукција на Скопје Филм Студио. Сценариото е напишано по мотиви од новелата „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски. Режисер на филмот е Игор Иванов, а продуцент е Томи Салковски.
Проектот беше промовиран на повеќе значајни филмски маркети и фестивали како Riga Meetings (Рига, Литванија), Cаnnes Film Festival (Кан, Франција), ЕAVE (Скопје, Македонија), Euro Mediterranean Coproduction Forum (Лече, Италија), Cinekid (Амстердам, Холандија), CoCo East West Co-production Market (Котбус, Германија) и Berlinalе (Берлин, Германија).
Покрај МЕДИА, „Шеќерното дете“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од SEE Cinema Network која одобри поддршка за развој на проектот. Филмот е копродукција меѓу Македонија и неколку европски држави. Снимањето е планирано за на пролет, 2017 година.
Ново на Сител
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
