Шекеринска во официјална посета на Турција
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска престојува во официјална посета на Турција, на покана од турскиот министер за национална одбрана, Нуретин Џаникли.
Во рамки на посетата, Шекеринска, покрај со својот домаќин, ќе има средби и со премиерот Бинали Јилдирим и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, соопшти МО.
На средбите ќе бидат разменети мислења за актуелната ситуација во Македонија и во регионот, како и пошироко, а ќе биде разгледана и досегашната и идната соработка меѓу двете земји.
Ќе стане збор и за заедничките мировни операции, како и за очекувањата од претстојниот самит на НАТО во Брисел и поддршката што ја дава Турција на Македонија на патот кон членството во Алијансата и исполнувањето на стандардите на НАТО.
Шекеринска ќе има средби и во турскиот потсекретаријат за одбранбена индустрија, а ќе посети и неколку воени капацитети.
Официјалната посета на Шекеринска на Турција, истакнуваат од Министерството за одбрана, е потврда на традиционалното пријателство и соработка меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија