Шекеринска: Позитивни вести за НАТО ратификацијата
Вестите што доаѓаат за нашата НАТО-ратификација се позитивни, имаше голема загриженост околу процесот во Турција, но она што се случуваше во изминатите денови покажува дека навистина сите земји членки на Алијансата се согласни оти час поскоро треба да станеме земја членка на НАТО. Тоа сметаме дека е голем плус за сите нас, изјави вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
При посетата на дел од возилата, вооружувањето и опремата од воената вежба „Одлучен удар 19“, што се изложени во центарот на Скопје, министерката се заблагодари до државите што го ратификуваа Протоколот за членство или веќе преземаат таква постапка.
-Ова е шанса да се заблагодарам во името на Владата и на граѓаните на сите земји членки што веќе го ратификуваа или го ратификуваат во моментов протоколот и да ги изразиме нашите очекувања дека тоа е плус за НАТО но и за нас, рече Шеќеринска.
Како што истакна, презентацијата е последниот настан од вежбата со цел поголем контакт помеѓу граѓаните и армијата. – Истовремено е шанса да поработиме на подобри контакти со американската армија. Ова е шанса, граѓаните да се запознаат и со луѓето, опремата и вооружувањето.Покажавме дека вежбата не е само за војската, туку да покаже на граѓаните дека тоа значи зголемена безбедност, и поголем просперитет, наведе Шекеринска.
Вршителката на должност амбасадор на САД Микаела Швајцер Блум истакна дека соработката на македонските и американските војници во изминатите две недели е одлично претставување на моќта на здружувањето како што е НАТО каде што, посочи, наскоро ќе се придружи Северна Македонија.
– Одушевени сме од гостопримството, соработката и пријателството што се разви помеѓу војниците на Северна Македонија и САД. Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија како 30.та земја членка на НАТО многу брзо, изјави Блум
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско

